Македонија Груевски од Велес порача да не се закрвува народот и да не...

Груевски од Велес порача да не се закрвува народот и да не се дозволи кантонизација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од Велес порача дека не треба да се прави поделба и да се закрвавува народот бидејќи сите се синови и ќерки на Македонија.

– Не смееме да се делиме и да создаваме омраза. Немојте да го закрвувате народот, делиме иста судбина и исти проблеми. Зла крв не ни треба – рече Груевски, кој е носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица.
Груевски рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев две и пол години ја држи Македонија во заложништво и оти крајно време е да се стави крај на политичката криза. Тој исто така рече дека Заев се залага за двојазичност и за кантонизација на Македонија.

– Покрај двојазичост на цела територија Зоран Заев очигледно ветувал и кантонизација на Р. Македонија. Кантонизација во Швајцарија е една работа, а сосема друга работа е на Балканот. Кантонизација на Македонија би значело 5,6 кантони кои со тек на време еден по една на легален начин со одлука на нивните локални кантонски влади ќе се отцепуваат. Тоа е последниот чекор пред растурање на една држава без војна. Такво нешто не ни треба – рече Груевски и порача дека треба да му се застанеме на патот на оваа сулуда идеја на Заев пред проблемите да дојдат на нашата врата.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија не ги дели граѓаните и не прават разлика помеѓу нив, туку се залага за подобра економска земја и подобар стандард на граѓаните, за разлика од СДСМ кои дава нереални ветувања на граѓаните.

-Тргнаа со нереални ветувања, со лажни ветувања, да го излажат македонскиот народ, рече Груевски и потенцираше дека народот сепак е мудар и оти тоа ќе го покаже на 11 декември.