Македонија Груевски: Ако има суштински аргумент, ќе го повлечеме законот

Груевски: Ако има суштински аргумент, ќе го повлечеме законот

„Законот не е донесен. Првата фаза е помината, има втора фаза, има можност за амандмани. Ништо не е завршено. Ние сме подготвени да го повлечеме, па повторно да го пуштиме законот во коригирана форма. Меѓутоа, треба да слушнеме суштински аргумент за тоа“, рече премиерот Никола Груевски во дневникот на „Сител“.

– Имаше сериозна дебата, имаше луѓе кои поддржуваа, кои критикуваа, кои даваа идеи како да се подобри текстот на законот и јас сум многу благодарен за тоа. Во 20 часот им закажав состанок на министерот, заменикот, државниот секретар во министерството за образование, мојот советник за образование и на повеќе други, да се собереме, да сублимираме што од дискусијата можеме да го преземеме и да подобриме – рече Груевски.

Тој додаде дека го прифатиле предлогот не една третина туку половина од испитите од трета година да се полагаат без положен државен испит.