Главна секција Груби се сретнал со Нимиц во Њујорк, му рекол дека ДУИ сака...

Груби се сретнал со Нимиц во Њујорк, му рекол дека ДУИ сака достоинствено решение

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска во Њујорк имал работен ручек со посредникот на Обединетите Нации за спорот со името, Метју Нимиц, соопшти кабинетот на собраниската Комисија за европски прашања. На средбата Груби му ги пренел впечатоците од претходните средби во Вашингтон, а разговарале и за процесот за спорот за името.

„Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е поблиску од било кога. Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо. Компромисот мора да овозможи безодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со оддржлив мир и стабилноство нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи представува предуслов за економски развој и општествена благосостојба. ДУИ целосно ги поддржува напорите на господинот Нимиц и на преговарачите во спорот со нашиот јужен сосед“, се вели во соопштението.