Свет Балкан Грција: Повеќе од 61 отсто од гласачите се против европските мерки

Грција: Повеќе од 61 отсто од гласачите се против европските мерки

Грција кажа јасно „не“ на нови мерки за штедење што би ја фрлиле државата во нова рецесија. Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на околу 20 отсто избројани гласови, покажуваат дека 60,4 отсто од гласачите се против мерките, а 39,5 отсто ги поддржуваат. Оцените од министерството се дека гласовите „не“ ќе надминат 61 процент до крајот на пребројувањето.

Огромната разлика предизвика големо изненадување. Голем број гласачи против мерките и поддржувачите на СИРИЗА веќе се собираат на плоштадот Синтагма за да ја прослават одлуката на грчкиот народ да го заврти грбот кон стогите мерки за штедење.

Сите погледи се завртени кон Брисел и во очекување да се види како европските лидери ќе одговорат на овој шок од грчка страна.