Дописници Гром удри во брачен пар од прилепско Лагово

Гром удри во брачен пар од прилепско Лагово

Страшна несреќа се случи денес откако гром удри во брачен пар во прилепското село Лагово, при што мажот починал, а жената се бори за живот.

Според првичните информации околу 16 часот додека мажот и жената береле тутун на нива во селото Ново Лагово, во нив удрил гром. Мажот починал на лице место, а жената е итно пренесена во прилепската болница.