недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ГРОМ | 26 резултати

Полицијата ги испратила доказите за нападот на Стевчо Јакимовски во Обвинителството

18 октомври 2017

Три дена по нападот на лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој се случи во неделата вечерта пред штабот на партијата, МВР денеска соопшти дека случајот е обработен и дека доказните материјали се испратени во скопското обвинителство. Јакимовски по нападот рече дека бил нападнат од Сеад Рахиќ, брат на поранешниот пратеник и висок функционер на СДСМ, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Насилствата продолжија – тоа е животот што СДСМ го ветуваше

17 октомври 2017

„Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот што го ветуваше СДСМ“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска, во првото соопштение во последните 36 часа, откако претходно партијата беше во молк по говорот на нејзиниот претседател Никола Груевски. „Нападот со нож врз претседателот на […]

Саздовски ја напушти ГРОМ, ќе биде независен пратеник

17 октомври 2017

Чедомир Саздовски од Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ќе работи како независен пратеник. Чедомир Саздовски и Панче Минов беа двајца пратеници на ГРОМ во Собранието, во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Минов е координатор на шестата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, а […]

Јакимовски му ја честиташе победата на Богоев во Карпош

15 октомври 2017

Кандидатот за градоначалник на Карпош од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), која е дел од Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски, му ја честиташе победата на неговиот противкандидат Стефан Богоев, кандидат на СДСМ. Јакимовски на прес-конференција изјави дека Богоев води убедливо. – Јас му го честитам изборот за градоначалник. Очигледно е дека граѓаните […]

ГРОМ ќe поднесе кривична пријава против претседател на избирачки одбор

15 октомври 2017

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) соопшти дека ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против претседателот на избирачкиот одбор на изборното место 2645, Христина Јовановска, поради обид за спроведување т.н. бугарски воз. „Денешниот изборен ден во општина Карпош почна бурно и со неправилности. Околу 10.30 часот на изборното место број 2645 забележан е обид […]

ГРОМ: Потпишувањето на договорот за добрососедство ќе предизвика конфронтации

9 јули 2017

Потпретседателот на ГРОМ, Љупчо Пренџов, на прес-конференција за медиумите рече дека Зоран Заев и СДС тврделе дека ќе има дебати за договорот за добрососедство со Бугарија иако веќе договорот бил готов. – За три недели е Илинден. Нема ни „Д“ од дебата, но затоа Бојко Борисов се однесува одговорно кон својата нација. Тој уште на […]

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

12 февруари 2017

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите – соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската […]

Од удари на громови во Индија загинаа 67 лица

22 јуни 2016

Најмалку 67 лица загинаа од удари на гром во Индија во изминатите два дена, соопштија индиските власти. Молњите и громовите се релативно вообичаени во Индија во монсунскиот период од годината, од јуни до октомври, но овие две недели бројот на жртвите е невообичаено висок. За време на ноќната бура во источната држава Бихар, загинаа најмалку […]

При удар на гром на концерт во Германија, повредени се осум лица

4 јуни 2016

Најмалку осум лица се повредни синоќа од удар на гром за време на концерт во рамки на рок-фестивалот „Рок ам ринг“, што се одржува на поранешниот аеродром во близина на германскиот град Мендиг, околу 100 километри западно од Франкфурт. Како што јавија германските медиуми, по ударот на громот најмалку осум лица биле пренесени в болница […]

ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ со заеднички листи за пратеници

11 мај 2016

ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ вечерва, најдоцна до полноќ, ќе поднесат заеднички листи за кандидати за пратеници до ДИК. Ова било потврдено вечерва на централниот одбор на ГРОМ. Од ВМРО-ДПМНЕ ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека на сите прашања ќе одговорат откако ќе ги достават листите до ДИК. Се очекува на овие листи да […]

Јакимовски: Одлуката на Иванов е донесена под огромен притисок

13 април 2016

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека неговата партија е крајно изненадена од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има правосилна судска одлука. – Запрепастувачки е што оваа одлука се носи во момент кога имаме нефункционална техничка влада, распуштен парламент, […]

ГРОМ: Одлуката на Иванов ќе нанесе огромна штета врз правниот поредок

12 април 2016

Граѓанската опција за Македонија денеска соопшти дека не се согласува со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да се прекинат судските процеси кои се водат против политичари. Според ГРОМ, секој кој го прекршил законот треба да биде санкциониран, без разлика дали е член на власта или на опозицијата. „Ако оваа одлука е донесена без консултации со […]

ГРОМ: Граѓаните ја одбранија државата

16 март 2016

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните успеале да ја одбранат државата. Според него, се видело дека во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие што работат во нив. „Секогаш кога ќе биде доведен во […]

Уставниот суд одлучува дали ќе има помилување за изборни измами

16 март 2016

Уставниот суд на Македонија на седницата која почна денеска точно во 9 часот решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година. Поради оваа […]

Јакимовски: Не може некој да дојде на власт со слушалки на уши

15 март 2016

Тука сме да го браниме Уставниот суд, да ја одбраниме државата, порача претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, пред насобраните граѓани пред Уставниот суд. Тој рече дека еден аболиран Зоран Заев не може да го урива уставниот поредок на Република Македонија. – Сега ја напаѓаат Македонија, кога е соочена со бегалската криза и кога постои опасност […]

Со патриотски песни почнува контрапротестот пред Уставниот суд на Македонија

15 март 2016

Со „Се собрале комитите“ и со „Земјо македонска“, се пречекуваат неколкуте стотини граѓани пред Уставниот суд на Македонија во организација на партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Низ Камениот мост, кој е прооден, има мало полициско обезбедување, но спроти новиот Македонски народен театар, кој е на стотина метри од Уставниот суд, е стационирано засилено полициско обезбедување, со […]

Група граѓани ги блокираа приодите кон Уставниот суд

15 март 2016

Неколку стотици граѓани попладнево се собираа пред Уставниот суд за, како што велат, одбрана на институциите на Република Македонија. На протестот има претежно млади луѓе и пензионери, кои тврдат дека доброволно и самоиницијативно дошле да го бранат уставниот поредок на државата. Пред насобраните граѓани се обрати и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој ги повика […]

Весковски: ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ на Бадник незаконски носеа урбанистички планови за Карпош

9 јануари 2016

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош поднела две иницијативи за покренување постапки пред надлежните органи, поради, како што велат, незаконското и неделовничко носење на два урбанистички планови, кои советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на ГРОМ ги усвоиле на 6 јануари, на празникот Бадник. – На седницата на Советот на општина Карпош, одржана на големиот христијански […]

22 лица загинаа во невреме во Индија

7 септември 2015

22 лица загинаа од бура, проследена со удари од громови, во индиската држава Андра Прадеш. Настраданите се претежно земјоделци, кои работеле в поле. Ударите од гром се честа појава за време на сезоната на монсуни во Индија, која трае од јуни до септември, но вчерашниот број на жртви беше невообичаено голем.

Гром удри во брачен пар од прилепско Лагово

15 август 2015

Страшна несреќа се случи денес откако гром удри во брачен пар во прилепското село Лагово, при што мажот починал, а жената се бори за живот. Според првичните информации околу 16 часот додека мажот и жената береле тутун на нива во селото Ново Лагово, во нив удрил гром. Мажот починал на лице место, а жената е […]

Страна 1 од 2