Свет Балкан Грчкото министерство за финансии издаде хартии од вредност првпат по 2014 година

Грчкото министерство за финансии издаде хартии од вредност првпат по 2014 година

Министерството за финансии на Грција објави емисија на нови хартии од вредност деноминирани во евра, со фиксна каматна стапка и рок на достасување во 2022 година, јавуваат грчките медиуми.

Ова е прво издавање грчки хартии од вредност од 2014 година, бидејќи Грција загуби пристап до пазарот на обврзници поради високите каматни стапки.

Владата во Атина ангажирала шест банки да управуваат со нејзиното враќање на меѓународниот пазар на обврзници.