Свет Балкан Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран

Според најавите од Грција, граничниот премин Богородица и денеска ќе биде блокиран од 11 до 14 часот, а потоа и од 18 до 21 часот по македонско време.

Весникот „Нафтемпорики“ јавува дека преминот Дојран ќе биде блокиран 24 часа, од денеска од 11 часот до утре до 11 часот.

На двата гранични премина има околу 800 трактори, кои речиси три недели го блокираат протекот на возила.

Слична е ситуацијата и на граничните премини кон Бугарија и кон Турција.

Земјоделците бараат владата да седне на преговори со нив и да ги прифати барањата да се почне целосно нова дискусија за законот за здравствено и за пензиско осигурување.

Доколку не се дојде до договор, земјоделците се закануваат со интензивирање на блокадите.