Свет Балкан Грчката влада одбива нови преговори за концесијата на 14 аеродроми

Грчката влада одбива нови преговори за концесијата на 14 аеродроми

Владата во Атина го отфрли барањето за нови преговори за договорот со кој компанијата „Фрапорт“, која е под контрола на германската Влада, доби концесија за управување со 14 најголеми грчки аеродроми.

Грчката влада минатата година се противеше на договорот за концесија, вреден 1,23 милијарди евра, но сега беше принудена да го прифати со цел да обезбеди финансиска помош од странство.

Владата соопшти дека сака да го примени договорот и оти „не може да ги прифати“ напорите на „Фрапорт“ да обезбеди подобри услови. Германската компанија наведува дека и „понатаму и се потребни“ преговори за проектот.