Свет Гранатирана Саудиска Арабија – убиени тројца цивили

Гранатирана Саудиска Арабија – убиени тројца цивили

Три цивили, меѓу кои едно дете, убиени се на југот на Саудиска Арабија во гранатирање од правец на Јемен, соопшти денеска сириската државна новинска агенција СПА.

Гранатирањето се случило синоќа, а мета на нападот била провинцијата Џазан, на границата со Јемен.

– Билансот е смрт на три цивили, меѓу кои и едно дете. Девет лица се ранети и префрлени во болница – соопшти Јахја Абдалах ал-Кахтан од цивилната одбрана.

Бунтовниците Хути, кои го поддржуваат Иран, во последна време ги интензивира операциите на границата со Саудиска Арабија и истрелаа неколку ракети кон оваа земја.

Од март 2015 година, кога почнаа воздушните операции на меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, настрадаа 90 саудиски војници и цивили.

Според податоците на ОН, во Јемен оттогаш настрадаа речиси 6.000 лица, меѓу кои 2.795 цивили.