Македонија Градоначалничката Арсовска положи цвеќе во чест на загинатите во земјотресот

Градоначалничката Арсовска положи цвеќе во чест на загинатите во земјотресот

Фото: Град Скопје

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалничката Данела Арсовска, како и делегација од советот, денеска положија цвеќе во чест на загинатите пред споменикот од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во земјотресот што се што се случи пред 59 години, животот го загубија 1.070 наши сограѓани, а 3.000 беа повредени.

„Со положување цвеќиња почит на жртвите во земјотресот во Скопје во далечната 1963 година, дадоа и делегации од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во Градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од јавните претпријатија и јавни културни установи на град Скопје, претставници од институции во нашава земја, како и граѓани“, наведено е во соопштението на Град Скопје.