Економија Градежниците очекуваат поволен период за секторот

Градежниците очекуваат поволен период за секторот

Очекувањата за договори за градежни работи и за бројот на вработени во наредните три месеци се поповолни во однос на претходното тримесечје, објави Државен завод за статистика.

Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истиот период лани.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 22 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 19,4 проценти, недостигот од обучен кадар со 12,9 проценти и зголемените трошоци за труд со 12,5 проценти.