Економија Град Скопје ги потсетува граѓаните да го платат данокот на имот за...

Град Скопје ги потсетува граѓаните да го платат данокот на имот за 2016 година

Секторот за финансиски прашања на Град Скопје ги известува сите правни и физички лица, кои што имаат неплатен данок на имот за 2016 година, итно да ја подмират својата обврска, информираат од оваа институција.

„Постапката за присилна наплата за данокот на имот за 2016 година е во тек и за да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро-сметките, апелираме и ги потсетуваме обврзниците да си ги проверат уплатите за 2016 година и доколку не ја платиле обврската, веднаш да ја подмират“, информираат од Град Скопје.