Свет Балкан Гостинот не се брка од дома, му порача Рама на Курти пред...

Гостинот не се брка од дома, му порача Рама на Курти пред одењето во Приштина

Албин Курти пак веќе изјави дека средбата со Рама ќе се случи само доколку претходно се одржи заеднички состанок на двете влади

Фото: Влада на РСМ

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Скопје му порача на косовскиот колега Албин Курти дека не треба да заборава оти гостинот не се брка од дома, најавувајќи ја денешната посета на Приштина.

Рама го изјави ова на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Пред да дојде во Скопје на средба со Ковачевски, Рама ги потпиша 13-те договори и ги достави до косовското Министерство за надворешни работи, но и јасно му порача на Курти дека заедничка седница на албанската и косовската влада нема да има. Рама побара од Курти заедничката седница да се одржи во ограничен формат без присуството на сите министри, што пак косовската влада го одби.

Инаку, по посетата на Скопје, Еди Рама заминува во Приштина, каде попладнево е закажана средба со косовската претседателка Вјоса Османи. Албин Курти пак веќе изјави дека средбата со Рама ќе се случи само доколку претходно се одржи заедничкиот состанок на двете влади, којшто беше закажан кон средината на јули во Ѓаковица, пишува Радио-телевизија Косово.