Економија Горивата поевтинуваат за 2 денара по литар

Горивата поевтинуваат за 2 денара по литар

Новите максимално утврдени цени стапуваат на сила на почетокот на утрешниот ден

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за поевтинување на горивата, образложувајќи го потегот со поевтинување на цените на светските берзи во однос на 2 мај, кога беше направена последната корекција на цените на нафтените деривати, како и со падот на курсот на доларот во однос на денарот.

Новите максимално утврдени цени стапуваат на сила на почетокот на утрешниот ден.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денара по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,455 денара за килограм и сега ќе изнесува 39,620 ден/кг.

Така, од првата минута по полноќ, цените на горивата ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 78 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 80 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 67 денари/литар
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 66 денари/литар
Мазут М-1 НС = 39,62 денари/килограм