Видео Голем пожар во фабрика за рециклажа во Сиднеј

Голем пожар во фабрика за рециклажа во Сиднеј

Во фабрика за рециклажа во предградие на Сиднеј избил голем пожар, во чие гаснење учествувале повеќе од 100 пожарникари, но нема повредени.

Пожарот избил околу 9.30 часот по локално време, во фабрика која се наоѓа на околу 15 километри западно од центарот на Сиднеј, по што облак од густ чад го прекрил небото над најголемиот австралиски град.

Портпаролката на противпожарната служба на Нов Јужен Велс рече дека по неколку часа пожарот бил локализиран и дека околните објекти се евакуирани.

На драматичните снимки од местото на пожарот се гледа како се урива покривот на фабриката за рециклажа.

Засега не се соопштува причината за пожарот.