Видео Голем пожар на Сибир – горат 60 села

Голем пожар на Сибир – горат 60 села

Најмалку 26 лица загинаа, а повеќе од 1.000 се повредени во голем пожар што зафати 60 села и градови во сибирската република Хакасија.

Уништени се повеќе од 1.400 куќи, а без покрив над глава останаа преку 6.000 лица.

Во гаснењето на пожарот учествувале 5.000 пожарникари, а итната спасувачка акција ја координирал претседателот Владимир Путин.

Се претпоставува дека до пожарот дошло поради неодговорно палење сува трева. Материјалната штета се проценува околу 94 милиони долари.