Економија Годинашниот Македонски економски самит овие два дена ќе се случува во Скопје

Годинашниот Македонски економски самит овие два дена ќе се случува во Скопје

Македонскиот економски самит 2015, кој е во организација на „Македонија 2025“, денеска и утре ќе се одржи во хотелот „Александар палас“.

На самитот ќе учествуваат  извршни директори, менаџери, инвеститори и петприемачи од регионот и од странство, кои на повеќе тематски панел-дискусии ќе говорат за технологија, бизнис и за лидерство.

Платформата „Македонија 2025“ е основана во 2007 година од угледни членови на македонската дијаспора, а канцеларијата во Скопје се отвори во 2011 година.

Мисијата на организацијата е да помогне во стимулирање на економскиот развој на Македонија, преку позиционирање на земјата како претпочитана дестинација за директни странски вложувања, промовирање на траспарентно владеење и на корпоративни практики и преку креирање просперитетна клима за претприемништво.

Самитот во Скопје се случува по двата самити во Охрид во 2012 и во 2013 година и еден во Торонто и во Париз.