Економија Глобалниот долг на историски највисоко ниво

Глобалниот долг на историски највисоко ниво

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е загрижен поради проблемот со зголемување на глобалниот долг, кој достигна 225 отсто од светскиот домашен бруто-производ (БДП), што може да доведе до нова финансиска криза.

Бруто-долгот во нефинансискиот сектор номинално е повеќе од двојно зголемен од почетокот на овој век, достигнувајќи 152 милијарди долари со тренд на зголемување, наведува ММФ во своето најново полугодишно издание на „Фискален монитор“, пренесува агенцијата „Блумберг“.

Овој износ ги вклучува долговите на владите, нефинансиските компании и на домаќинствата.

– Со удел од 225 проценти од светскиот БДП, глобалниот долг моментно е на рекордно ниво на сите времиња. Две третини, односно околу 100 милијарди долари, ги сочинуваат обврските на приватниот сектор, кој може да донесе огромни ризици кога ќе достигне некое претерано ниво – предупредува ММФ.