Свет Европа Германските компании треба да ѝ одговорат на Меркел зошто не вработуваат мигранти

Германските компании треба да ѝ одговорат на Меркел зошто не вработуваат мигранти

Германската компанија „Блу шип“ ќе мора денеска да ѝ одговори на канцеларката Ангела Меркел зошто досега вработила само 100 мигранти откако повеќе од еден милион влегле во таа земја, јавува „Ројтерс“.

Меркел ги повика на одговорност некои од најголемите германски компании да го објаснат неактивирањето и размената на идеите за работната ангажираност на мигрантите, пренесуваат светските агенции.

Германските компании тоа го објаснуваат со непознавање на германскиот јазик и со неквалификуваност на мигрантите, како и со нерешените дозволи за постојан претстој во земјата.

Според истражувањето спроведено на примерок од 30 компании, вкупниот број на вработени мигранти изнесува само 63.

Од нив 50 работат во ДХЛ на достава и на сортирање на пратките.