Македонија Германската амбасадорка Алтхаузер побара целосно укинување на аболицијата

Германската амбасадорка Алтхаузер побара целосно укинување на аболицијата

Укинувањето на аболицијата да биде сеопфатно, односно одлуката за аболицијата треба целосно да се повлече, рече германската амбасадорка Кристине Алтхаузер при промовирање на проектот „Фудбал без граници“ заедно со француската амбасадорка Лоренс Оер.

– Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на дел од помилувањата, велам дека уште од почетокот, без недоречености, апелиравме за целосно, комплетно повлекување на одлуката за помилување од 12 април – изјави Алтхаузер.

И амбасадорката на Германија, како и други меѓународни претставници претходно, ги повика политичките лидери во Македонија да работат на решавањето на кризата, посочувајќи им го примерот од фудбалиот – каде што сите играчи се стремат кон победа на нивиот тим.