Свет Балкан Германија за отворање на поглавјата 23 и 24 со Србија

Германија за отворање на поглавјата 23 и 24 со Србија

Германија во Брисел ќе се заложи преговарачките поглавја 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството и на владеењето на правото, да бидат отворени за Србија во првата половина на годинава, соопшти германскиот амбасадор во Белград, Аксел Дитман, по најавата дека Хрватска ќе ги блокира евроинтеграциите на Србија.

Тој додаде дека има уште многу работа во областите на владеење на правото, сузбивањето на корупцијата, независното правосудство, слободното мислење, како и дека е важно да се задржи реформското темпо, без разлика на претстојните избори во Србија.

На прашањето дали потезите на Хрватска кон Србија би можеле да ги влошат односите во регионот, Дитман рече дека зајакнувањето на регионалната соработка е централна задача на сите земји во регионот и оти тоа треба да се регулира со билатерални односи, кои треба да се унапредуваат.
Дитман додаде дека членството во НАТО не е услов за влез на Србија во ЕУ и повтори дека Белград треба да ги нормализира односите со Приштина.