Подглавна секција Германија ја одбележа двегодишнината од руската инвазија врз Украина

Германија ја одбележа двегодишнината од руската инвазија врз Украина

Многу учесници на митингот носеа украински знамиња. Други ги прикажуваа своите ставови за војната преку транспаренти и постери со слогани како „Русија секогаш лаже“ или „Ѓаволот е во Кремљ“

Фото: Fabian Sommer/dpa

Неколку илјади луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта во Берлин попладнево, за да го одбележат почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина пред точно две години, јави германската новинска агенција ДПА.

Многу учесници на митингот носеа украински знамиња. Други ги прикажуваа своите ставови за војната преку транспаренти и постери со слогани како „Русија секогаш лаже“ или „Ѓаволот е во Кремљ“. Луѓето извикуваа и пароли: „Русија е терористичка држава“.

Според првичните проценки на берлинската полиција, на собирот на солидарноста учествувале повеќе од 3.000 луѓе.

Aктивистите од еколошката организација „Гринпис“ проектираа неколку слогани на фасадата на руската амбасада во Берлин во близина на местото на митингот, исто така во знак на протест против војната во Украина. Утринава на зградата можеше да се читаат натписи, „Стоп за убиствата“ и „Рацете подалеку од Украина“ на германски и на англиски јазик.