Свет Европа Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Помеѓу 5.000 и 10.000 бегалци до крајот на денот се очекува да влезат во Германија, соопштила тамошната полиција, јавуваат светските агенции.

Првата група од 450 луѓе во текот на денот пристигна на железничката станица во Минхен, откако, поради вонредната ситуација, Германија и Австрија се договориле со Унгарија да им биде дозволено на бегалците да ги преминат нивните граници.

Бегалците со посебен воз ќе бидат префрлени во прифатен центар близу Минхен, каде ќе бидат регистрирани.

Секретарот за внатрешни работи, Карољ Контрат, претходно соопшти дека во текот на ноќта околу 4.500 „илегални мигранти“ од Будимпешта и од другите места биле превезени до австриската граница.