Свет Европа Француската влада го одобри протестот на синдикатите

Француската влада го одобри протестот на синдикатите

Француската влада го одобри протестот на синдикатите против реформите во законот за работни односи најавен за утре во Париз, откако претходно го забрани, соопштија синдикални извори.

Демонстрациите ќе се одржат на локација која ја предложи министерството за внатрешни работи, на 1,6 километри од плоштадот Бастилја, соопштија претставниците на синдикатите, непосредно по состанокот со министерот Бернар Казнев.

Синдикатите веќе три месеци протестираат против најавените владини реформи за законот за работни односи, кој предвидува полесно отпуштање иако невработеноста во Франција е висока.