Свет Европа Француската полиција уапси уште две лица поврзани со нападот во Ница

Француската полиција уапси уште две лица поврзани со нападот во Ница

Француски официјални лица соопштија дека полицијата уапсила уште две лица во врска со нападот во туристичкиот град Ница, во кој загинаа најмалку 84 лица, а беа повредени околу 300 други.

Еден маж и една жена беа уапсени денеска во утринските часови во Ница.

Пет други лица веќе се во притвор, вклучувајќи ја и жената на возачот на камионот, 31-годишниот Мохамед Булел.

Светските медиуми пишуваат дека Булел двапати го обиколил шеталиштето во Ница со изнајмен камион пред на 14 јули да влета во масата луѓе и да убие 84 лица.

Неименуван извор близок до истрагата изјавил дека полицијата досега испрашала стотина луѓе и додаде дека некои од испитаниците навеле дека Булел покажувал знак на религиозност, додека дел од неговите пријатели и членови на семејството претходно изјавија дека напаѓачот пиел, пушел и никогаш не одел во џамија.