Свет Европа Франција се помалку ја посетуваат странски туристи

Франција се помалку ја посетуваат странски туристи

Бројот на странски туристи во Франција значително се намалил во вториот квартал од годината, покажуваат најновите податоци кои ги објави француската влада. Како причина за тоа се наведуваат протестите, штрајковите и лошите временски услови.

Бројот на ноќевања на странски туристи во периодот од април до јуни се намалил за 8,5 проценти во однос на истиот период лани. Забележан е пад од 2,9 проценти и кај домашните туристи.

Според француските туристички работници, ова претставува голема загуба за туризмот, посебно откако состојбата во првиот квартал се подобрила по терористичките напади во ноември, кога во и околу Париз беа убиени 130 лица.