Свет Европа Франција ќе ги затвори радикалните џамии

Франција ќе ги затвори радикалните џамии

Предлогот за затворање на џамиите, во кои се собираат радикалните исламисти во Франција, ќе биде разгледан од Владата, најави францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, по терористичкиот напад во Париз и  по прогласувањето вонредна состојба.

– Вонредната состојба е желба, цврсто и одлучно да пристапиме во протерувањето на оние кои треба да бидат протерани, бидејќи проповедаат омраза во Франција, независно од тоа дали учествувале или се осомничени за учество во терористички активности – изјави Казнев за телевизијата „Франс 2“.

Тој додаде дека тоа значи и затворање џамии во кои поединци шират омраза или повикуваат на неа.