Свет Франција и Германија повикаа на итен состанок на Советот за безбедност на...

Франција и Германија повикаа на итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Алепо

Франција и Германија вечерва повикаа на одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за ситуацијата во сирискиот град Алепо, јавуваат светските агенции.

Амбасадорот на Франција во ОН, Франсоа Делатр, предупреди дека доколку не се постигне договор за безбедна евакуација на цивилите и не им се овозможи пристап на хуманитарните работници и меѓународните набљудувачи во Алепо, членките можат да свикаат итна специјална сесија на Генералното собрание на ОН.

Високиот комесар на ОН за бегалци, Стефан О’Брајан, вечерва на состанок на Советот за безбедност на ОН треба да го претстави извештајот за ситуацијата во Алепо.

Францускиот амбасадор во ОН изјавил дека Франција почнала со подготовка на нацрт-резолуција за Алепо.