Свет Балкан Франција ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција на неопределено време

Франција ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција на неопределено време

Француската амбасада во престолнината на Турција ќе биде затворена на неопределено време, соопшти амбасадата.

„Амбасадата на Франција во Анкара, како и конзулатот, ќе бидат затворени од среда, 13 јули , сè додека не се добие дополнителна информација“, стои во соопштението.

Претходно француските дипломати во Турција ја откажаа прославата на националниот празник 14 јули.

„Информациите што ги поседуваме покажуваат дека постои сериозна закана и за прославата на 14 јули. Како превентивна мерка, во координација со турските претставници, одлучивме да ја откажеме прославата“, стои во соопштението.

Во Турција на сила е висок степен на тревога по неодамнешниот терористички напад во Истанбул, во кој загинаа најмалку 45, а повредени беа повеќе од 230 лица.