Свет Европа Формирањето на владата во Исланд во знак на идејата за референдум за...

Формирањето на владата во Исланд во знак на идејата за референдум за влез во ЕУ

Преговорите за формирање нова влада во Исланд поминуваат во знак на идејата за распишување референдум за можен влез на земјата во Европска Унија.

Два месеци по парламентарните избори одржани на 29 октомври, во преговорите за формирање на новата влада учествуваат конзервативната и европскептична Партија на независноста, десничарската Реформи и поевропската партија Сјајна иднина.

Локалните медиуми пренесуваат дека трите партии во своите програми за новата влада ќе го вклучат и распишувањето на референдум за приклучување на Исланд во ЕУ.

Исланд во 2009 година поднесе барање за членство во ЕУ за време на мандатот на левичарската влада, но следната влада на десниот центар, чиј член беше и Партијата на независноста во 2013 година ја повлече кандидатурата без претходна консултација со граѓаните.