Македонија Филипче објави фотографија од партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ каде не се почитуваат...

Филипче објави фотографија од партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ каде не се почитуваат заштитните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија со членовите на ВМРО-ДПМНЕ на која дваесетина луѓе не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца.

„Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за корона вирусот“, напиша министерот.

Здравствените власти најавија дека од следната недела ќе се воведат нови мерки за заштита, откако Комисијата за заразни болести препорача задолжително носење маска на отворено, како и да се ограничување на домашните групни собири кои се главен извор на ширењето на ковид-19.