Спорт Фиго бара Светско првенство со 48 репрезентации

Фиго бара Светско првенство со 48 репрезентации

Фудбалерот Луис Фиго денеска на „Вембли“ ја презентираше својата програма за претседател на ФИФА. Тој најави дека ќе го прошири Светското првенство доколку ја добие довербата во мај.

Една од опциите е мундијал на кој ќе настапат 48 репрезентации, групната фаза ќе се одржи на два континенти, а нокаут-натпреварите ќе се играат во една земја.

Новите места на мундијалот ќе бидат доделени на репрезентации кои не доаѓаат од Европа.

42-годишниот Португалец, исто така, планира на фудбалските федерации да им подели 1 милијарда долари од резервите на ФИФА и сака поголем процент од приходите на светската куќа на фудбалот да бидат распределени за развој на фудбалски академии.