четврток, 15 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: првенство | 17 резултати

Четири медали за македонската карате репрезентација на Европското првенство во Финска

август 25, 2021

Македонската карате-репрезентација се врати од 48. Европско првенство (ЕП) за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21 година), што се одржа изминатиот викенд во Тампере, Финска, со четири медали. Ова е огромен успех за македонското карате од причина што на ЕП во Тампере настапија над 1.000 натпреварувачи од 45 држави. „Со вакви успеси, каратето е […]

Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски старо-нови шампиони во атлетика

јули 7, 2021

Во неделата, на 4 јули, во Скопје се одржа Националното првенство на Македонија во полумаратон, како дел од календарот на Атлетска Федерација на Македонија. И оваа година победници на полумаратон во Националното државно првенство на Македонија се Андријана Поп Арсова (АК Делта), кај дамите, и Дарио Ивановски (АК Делта) во машка конкуренција. Првите три места […]

Германија се пласираше во полуфинале на „Еуро 2016“

јули 3, 2016

Репрезентацијата на Германија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во фудбал откако синоќа, по изведувањето пенали, ја победи Италија. За време на двете полувремиња и двете репрезентации постигнаа по еден гол, а по продолженијата резултатот остана ист. Полуфиналето во Европското првенство во фудбал ќе се одржи на 7 јули во Марсеј. Со Германија ќе […]

Денеска почнува „Еуро 2016“ во Франција

јуни 10, 2016

Со натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и на Романија, денеска почнува Европското првенство во фудбал „Еуро 2016“, кое се одржува во Франција и ќе трае еден месец. На првенството учествуваат 24 европски репрезентации, кои ќе играат на 10 стадиони во Франција, на кои се очекува посетеност од околу 2,5 милиони гледачи. Организаторите на „Еуро 2016“ тврдат […]

Оланд: Постојат закани за напади за време на Европско првенство во фудбал

јуни 6, 2016

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, призна дека постои ризик од напади за време на Европското првенство во фудбал, но додаде дека Франција не смее да биде заплашена. – Заканите ќе траат некое време. Но, ние мора да направиме сè за „Евро 2016“ да биде успешно – изјавил Оланд за радио „Франс прес“, а пренесува АФП. Европското […]

Македонија загуби од Франција на почетокот на Европското првенство во ракомет

јануари 15, 2016

Македонската ракометна репрезентација беше поразена од репрезентацијата на Франција (23-30) на Европското првенство во Полска. Македонија е во групата А, каде што се и репрезентациите на Полска и на Србија. Следен противник на нашата репрезентација е домаќинот Полска, а натпреварот треба да се игра на 17 јануари (недела), со почеток во 20.30 часот.

Фиго бара Светско првенство со 48 репрезентации

февруари 19, 2015

Фудбалерот Луис Фиго денеска на „Вембли“ ја презентираше својата програма за претседател на ФИФА. Тој најави дека ќе го прошири Светското првенство доколку ја добие довербата во мај. Една од опциите е мундијал на кој ќе настапат 48 репрезентации, групната фаза ќе се одржи на два континенти, а нокаут-натпреварите ќе се играат во една земја. […]

Иванов се сретна со македонските ракометари во Катар

јануари 15, 2015

Претседатело на државата, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна посета на Катар, денеска се сретна со членовите на македонската ракоментна репрезентација, во пресрет на почетокот на Светското првенство во ракомет. Македонските ракометари првиот дуел ќе го имаат со репрезентацијата на Тунис утре, во 15 часот по македонско време.

Блажевски го собори 20 години стариот рекорд на Маленко

декември 3, 2014

Најдобриот македонски пливач, Марко Блажевски, постави нов државен рекорд на 200 метри слободен стил, со што го урна рекордот на Александар Маленко, постигнат пред 20 години. Блажевски го собори рекордот на Маленко од 1;50,35 минути и го постави новиот рекорд од 1;49,80 минути, со што го освои 48. место во конкуренција од 100 пливачи. Државен рекорд постави […]

Бразил против Колумбија на Копа Америка

ноември 25, 2014

Вчеравечер во Виња дел Мар, во Чиле, со ждрепка беа извлечени групите за Копа Америка, што ќе се одржи од 11 јуни до 4 јули наредната година во Чиле. Бразил за противник во групата Ц ќе ја има Колумбија со која играше во четвртфиналето на Светското првенство оваа година, како и репрезентациите на Перу и на Венецуела. […]

Државно првенство за шарпланинци

ноември 16, 2014

Кинолошкиот сојуз на Македонија и Македонскиот клуб на овчарско куче – „Шарпланинец“ денеска ќе го одржат 16. Државно првенство за шарпланинци. Натпреварот ќе се одржи во паркот со авион во општина Аеродром.

Македонските ракометари ја совладаа Швајцарија

октомври 30, 2014

Македонските ракометари во дуелот со Швајцарците успеаја да стигнат до посакуваната победа. Тие сега го очекуваат гостувањето во Злин и натпреварот со Чешка. Ако ракометарите успеат да победат, Македонија ќе биде на добар пат да се квалификува за учество на Европското првенство во 2016 година. Дуелот со Чешка се игра в недела, во 13.30 часот.

Страна 1 од 1