Видео Фабриката на Филипини гори 40 часа, повредени 126 работници

Фабриката на Филипини гори 40 часа, повредени 126 работници

Филипинските пожарникари не успеале целосно да го изгаснат пожарот кој пред 40 часа избил во фабрика јужно од Манила, а во кој се повредени најмалку 126 работници.

Меѓу повредените има и двајца Јапонци, соопштија локалните власти.

Локалните власти наведуваат дека нема знаци дека во фабриката останале заробени некои работници, имајќи предвид дека шест се водат за исчезнати.

Пожарот изби во средата навечер, а пожарникарите дури по 18 часа успеале да го стават под контрола. Се очекува во текот на денов да биде целосно згаснат.

Некои од вработените скокнале низ прозорците на трикатната фабрика, која произведува делови да монтажни куќи, што се изведуваат во Јапонија.

Се претпоставува дека пожарот избил поради прегревање на одредени машини за производство.

Во фабриката, која се наоѓа 26 километри јужно од Манила, се вработени околу 15.000 лица, а третина од нив биле на работното место кога избил пожарот.