Свет Европа Европскиот парламент бара што поскоро да почне процесот Брексит

Европскиот парламент бара што поскоро да почне процесот Брексит

Европскиот парламент денеска ја повика Велика Британија што поскоро да го почне процесот за излез од Европската Унија.

„Волјата на граѓаните мора во целост да се почитува, почнувајќи со што побрзото активирање на член 50“, се наведува во резолуцијата што денеска пратениците на ЕП со 395 гласа „за“ и со 200 „против“ ја усвоија на вонредна седница. Само 71 пратеник гласаша воздржано.

 

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска соопшти дека во Братислава ќе се одржи самит за иднината на ЕУ по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата. Тој потсети дека преговорите за излез ќе почнат откако Лондон формално ќе го достави барањето за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој се уредува напуштањето на заедницата.