Свет Европа Европската комисија ќе ја почитува одлуката на Каталонија за независност, вели Јункер

Европската комисија ќе ја почитува одлуката на Каталонија за независност, вели Јункер

Европската комисија ќе го почитува потврдниот исход од референдумот за независност на Каталонија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека регионот не треба да очекува по гласањето веднаш да стане членка на ЕУ.

– Комисијата не се вклучува во интерните, домашни дебати во земјите членки – истакна Јункер, додавајќи дека дискусијата за референдумот во Каталонија е хипотетичка затоа што Шпанија не го признава референдумот.

Јункер истакна дека Каталонија, доколку прогласи независност, ќе мора да ги следи истите процедури на Унија како и членките кои биле примени во 2004 година. Тој рече дека истите принципи би се применувале и во случај на независност на Шкотска.

Властите на Каталонија ветија одржување референдум на 1 октомври, додека шпанскиот премиер Маријано Рахој порача дека ќе го спречи одржувањето на референдумот по секоја цена.