Свет Европа Европа има доставено и ветено помош од 156 милијарди евра на Украина

Европа има доставено и ветено помош од 156 милијарди евра на Украина

Новиот инструмент на ЕУ, таканаречениот Фонд за Украина, располага со 50 милијарди евра за периодот 2023-2027 година

Германски тенк „Леопард 2“ на воена вежба; Извор: By U.S. Army Europe photo by Visual Information Specialist Markus Rauchenberger - https://www.flickr.com/photos/usarmyeurope_images/8124186069/in/set-72157631688658714, Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=22438109

Европските држави на Украина ѝ ветиле помош од вкупно 156 милијарди евра, што е повеќе од двојно од 70-те милијарди ветени од САД, соопшти во четвртокот Институтот за светска економија, пренесува германската новинска агенција ДПА. 

Институтот Килски месечно објавува извештај за помошта на Украина. Во европската помош ги вбројува реализираната и ветена поддршка на членките на Европската унија, како и оние земји што не се членки, меѓу кои се Велика Британија и Норвешка.

Па така, новиот инструмент на ЕУ, таканаречениот Фонд за Украина, располага со 50 милијарди евра за периодот 2023-2027 година. Помеѓу другите линии на помош е и пакетот на воена поддршка вреден 10,5 милијарди евра, кои Германија ги вети за периодот 2024-2027 година

Институтот во извештајот ги вклучува и повеќегодишните програми за помош на Украина, на кои се обврзале Норвешка, Данска, Велика Британија, Швајцарија, Португалија и Литванија.

„Вредно за внимание е колку брзо Европа се префрли на трајна, повеќегодишна програма за поддршка на Украина“, оцени Кристоф Требеш од Институтот за светска економија кој е задолжен за извештајот за Украина.

„Во споредба со ова, САД сега сериозно заостануваат, бидејќи последните месеци немаат најавено некоја посериозна нова помош“, додаде Требеш.