Свет Европа Еврогрупата ќе го чека исходот од референдумот во Грција

Еврогрупата ќе го чека исходот од референдумот во Грција

Вториот критичен состанок на Еврогрупата заврши без конкретен резултат за Грција. Според првичните неофицијални информации, нема да има никаков одговор, ниту договор пред да го слушнат резултатот од референдумот во Грција.

За кусо се очекуваат изјави од првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, а се очекува европските министри за финансии да испратат и писмо до грчката влада со нивните позиции околу ситуацијата со Грција.

М.П.