Македонија Евидентирани 178 нови случаи на ковид, пријавени четири починати лица

Евидентирани 178 нови случаи на ковид, пријавени четири починати лица

Фото: Luiz Paulo R Santos on Unsplash

Во последното деноноќие, направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни случаи на ковид-19, регистрирани се 33 реинфекции. Во изминатово деноноќие има и 592 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени и две починати лица од Скопје (72г и 60г) во болнички услови.

„Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13. јули до 23. јули“, наведено е во соопштението на министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116.