Свет Свет Евакуирани 20 училишта во Австралија поради анонимни закани

Евакуирани 20 училишта во Австралија поради анонимни закани

Речиси 20 училишта низ Австралија се евакуирани по низа анонимни повици и закани со напад, јавуваат локалните медиуми.

Медиумската мрежа „Најн њуз“ јави дека училиштата биле евакуирани по телефонски повици во државите Викторија, Квинсленд и Нов Јужен Велс.

– Очигледно е дека постои шаблон на овие лажни тревоги чијашто цел е да направат метеж и да привлечат медиумско внимание – изјавиле официјални лица од полицијата.

По заканите за насилство, најмалку шест училишта биле евакуирани во Сиднеј.