Свет Европа ЕУ одобрила помош од 20 милиони евра за Непал

ЕУ одобрила помош од 20 милиони евра за Непал

Европската унија одобрила финансиска и хуманитарна помош во вредност од 20 милиони евра за Непал, која на 25 април ја погоди силен земјотрес.

ЕУ оваа одлука денеска ја донела на барање на непалската влада, која ќе се соочи со огромен недостиг од пари доколку не добие поголема меѓународна помош. Непал ќе добие 16,6 милиони евра во вид на финансиска помош и три милиони евра во вид на хуманитарна помош.

– Штом бидат завршени процените за потребите, ние ќе разгледаме на кој начин можеме да помогнеме повеќе – рече европскиот комесар Невен Мимиц.

Непал е една од најсиромашните земји во светот. Во земјотресот загинаа најмалку 7.200 луѓе, а економијата е речиси целосно уништена.