Свет Европа ЕУ нема да ја преживее следната економска криза, предупредуваат стручњаците

ЕУ нема да ја преживее следната економска криза, предупредуваат стручњаците

Доколку креаторите на европските политики не спроведат клучни измени во монетарната политика на Европската Унија, еврото веројатно нема да ја преживее следната голема криза, предупредуваат од францускиот институт „Жак Делор“.

„Европа ќе биде погодена од следна економска криза. Не знаеме кога точно ќе се случи таа, но стравуваме дека Европската монетарна унија ќе биде лошо подготвена за една таква криза“, се наведува во извештајот на тој институт, а го пренесуваат светските агенции.

Авторите на истражувањето признаваат дека реформата на еврото можеби нема да биде популарна, но, како што истакнуваат, таа е од клучно значење и итно е потребна.

Стручњаците од институтот предлагаат зајакнување на европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ), банкарската унија и координирање на економските политики.