Технологија Гаџети ЕУ бара „Гугл“ да се подели

ЕУ бара „Гугл“ да се подели

Европскиот парламент со мнозинство гласови изгласа поделба на бизнисот на „Гугл“ во Европа.

За усвојувањето на необврзувачката резолуција, со која Европска Унија бара од американскиот пребарувач одвојување на комерцијалните услуги од останатиот дел од активности, гласаа 384 пратеници, додека само 174 беа против.

Европскиот парламент нема овластување да наложи поделба на „Гугл“, но ваквиот потег е дополнителен показател за влошување на расположението кон американската компанија во Европа.

„Гугл“ од 2010 година е под истрага во ЕУ поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот на интернет-пребарувачи.