Свет Балкан Ескобар: Членството во ЕУ е уште популарно на Балканот, но не и...

Ескобар: Членството во ЕУ е уште популарно на Балканот, но не и бирократијата на процесот

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, коментираше за регионот на конференција во Вашингтон, организирана од економскиот форум „Делфи“,

Фото: Секретаријат за европски прашања (СЕП) / декември 2021

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, на конференција во Вашингтон изјави дека смета оти идејата за Европа и членството во Европската Унија е уште жива и популарна на Западен Балкан, но дека она што има изгубено кредибилитет е бирократијата на ЕУ за проширување.

„Ве молам, не дозволувајте кој било да ви каже дека Европската Унија ја изгубила довербата кај народот. Луѓе ги ризикуваат животите за да отидат во ЕУ“, рече Ескобар, кој ја нарече Европа „магнет“ во регионот.

Според Ескобар, земјите на Балканот се европски земји, покултурни, со историски и економски основи. Сепак, тој ја истакна потребата на институционални реформи во регионот.

„Реформите создаваат реални придобивки за луѓето, особено во делот на антикорупцијата. Значи, сакаме повеќе Европа на Западниот Балкан. Не сме го изгубиле од вид фактот дека секоја земја што се приклучила на ЕУ е подемократска, постабилна и попросперитетна од кога било. И тоа е нашиот највисок стремеж за Западен Балкан. Населението во огромно мнозинство верува во тоа и тоа го знаеме затоа што кога ќе ги напуштат своите земји, не одат во Кина, тие не одат во Русија, во Саудиска Арабија или Емиратите. Тие одат во Европа“, изјави Ескобар.