Подглавна секција Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах по...

Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах по преговорите во Москва

Извор: Скриншот од снимка на јавниот радиодифузен сервис на Ерменија

По десетчасовните преговори во Москва помеѓу министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азарбејџајн постигнат е договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров истакна дека во документот кој бил потпишан, Ерменија и Азербејџан биле согласни за хуманитарен прекин на огнот уште денеска.

Овој договор подразбира размена на воени заробеници, повредени и тела на загинатите, а други детали дополнително ќе бидат усогласени.

Судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември и до 6 октомври на азербејџанската страна погинале 27, а на ерменската 19 цивили, додека 141 цивилно лице е рането. Во гранатираните населени подрачја се оштетени 63 цивилни објекти и 376 станбени згради.