Свет Балкан Ердоган сака војската и разузнавањето да бидат под контрола на претседателот

Ердоган сака војската и разузнавањето да бидат под контрола на претседателот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака вооружените сили и националната разузнавачка агенција (МИТ) да бидат под контрола на претседателот, јавуваат турските медиуми.

– За такво нешто се потребни уставни промени, а тоа мора да го одобри и опозицијата – рече Ердоган.

Во Турција денеска е одржан состанок на Врховниот воен совет на кој се очекуваше договор за коренитите измени на структурите на вооружените сили, по неуспешниот воен удар, извршен на 15 и на 16 јули.