Свет Балкан Ердоган најави дека сириските бегалци ќе можат да добијат турско државјанство

Ердоган најави дека сириските бегалци ќе можат да добијат турско државјанство

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека владата работи на проекти со кои на сириските бегалци ќе им биде овозможено да стекнат турско државјанство ако тоа го сакаат, пренесуваат турските медиуми.

– Сакаме да им помогнеме на сириските пријатели и да им понудиме можност да станат државјани на Турција – изјави Ердоган во говорот во јужната провинција Килис, која се наоѓа на границата со Сирија.

Ердоган истакна дека министерството за внатрешни работи набргу ќе ја соопшти процедурата за поднесување барање за добивање турско државјанство.

Турција прими 2,7 милиони сириски бегалци, кои побегнаа од петгодишната војна во Сирија, а во која настрадаа повеќе од 280.000 лица.