Свет Балкан Ердоган ja започна во посета на Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска

Ердоган ja започна во посета на Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска

Фото: Recep Tayyip Erdoğan официјален Фејсбук профил

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска ја започna тридневната балканска турнеја за зајакнување на регионалните врски во рамките на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, јави турската агенција Анадолу.

Во првиот дел од посетата, Ердоган беше официјално пречекан во Сараево.

Тој ќе оствари директни и меѓуделегации состаноци со тричлениот Претседателски совет на Босна и Херцеговина. Меѓу нив се хрватскиот член Жељко Комшиќ, српскиот член Милорад Додик и бошњачкиот член и актуелен претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ.

Ердоган подоцна ќе се сретне со членовите на Претставничкиот дом и Домот на народите на Парламентарното собрание, највисоките законодавни тела во земјата.

Тој ќе го посети и гробот на Алија Изетбеговиќ, првиот бошњачки претседател на државата кој почина во 2003 година.

Се очекува турскиот лидер да присуствува и на бизнис форум и да ја посети новата зграда на Исламската унија на Босна и Херцеговина.

Пред да замине за Сараево, Ердоган рече дека Турција води политика која ја поддржува стабилноста и развојот на Балканот и неговиот процес на интеграција во евроатлантските структури.

„Ќе се трудиме да најдеме решение за политичката криза во Босна и Херцеговина за време на нашата посета“, рече тој додавајќи дека Балканот е приоритет за Турција не само од политички, економски и географски причини, туку и поради нејзините историски, културни и човечки врски со регионот.

По Босна и Херцеговина, претседателот на Турција потоа ќе престојува во официјална посета на Србија, а домаќин ќе биде претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштено е во Белград. За време на посетата на Хрватска на 8 септември Ердоган ќе разговара со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието Горан Јандроковиќ. Со Пленковиќ, Ердоган ќе го посети Сисак, каде официјално ќе го отвори Исламскиот културен центар во кој има џамија, објавија хрватските медиуми.