Свет Свет Ердоган ја критикуваше Европската унија за бегалската криза

Ердоган ја критикуваше Европската унија за бегалската криза

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги обвини европските земји дека имаат селективна и дискриминаторска политика при прифаќањето на бегалците и изјави дека ќе останат запаметени поради нивните „срамни“ правила.

Ердоган изјави дека европските земји ги фатила паника поради стотина илјади баратели на азил кои дошле до границите на ЕУ, додека Турција веќе примила 2,5 милиони сириски бегалци.

Турскиот претседател ги обвини земјите на ЕУ дека ги примаат бегалците според „нивното образование, вера, способности, старост и здравје“, без да ги имаат предвид хуманитарните причини, пренесува АП.

– Проблемот меѓу Сирија и Ирак еден ден ќе се заврши и овие луѓе ќе се вратат во својата земја. Она што ќе се памети е турскиот хуман став и срамниот став на Западот – изјави Ердоган.